Ексдиректорот на БЈБ сведочи за „Монструм“: Немавме никаква дојава дека ќе се случи нешто

Од:

Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски познат како Радникот сведочеше на рочиштето за “Монструм”. Тој ја обавувал функцијата на 12 април 2012 година, кога се случи петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

Обвинителката Фатиме Фетаи кажа дека нема нелегални прислушувани разговори од него, но има лице кое сакало да донесе информации за случајот.

Тодоровски се потсети на моментите кога ја добил информацијата, односно прво му било кажано дека има 4 леша, возило „101”, а потоа дека има 5 леша и дал наредба да се обезбеди местото.

„Го знам Зоран Трајковски познат како Филмот, бидејќи му беше шофер на Љубе Бошковски. Кога бев директор, тој немал контакт со мене. Бев изненаден кога слушнав дека кажал, дека ми кажал мене нешто. Тој си има старешини, имало каде да каже. Со еден збор, немав контакт. Тој нема моќ да ми каже што планирале сторителите, не ми кажал дека нешто се спрема, зошто ако било така, јас ќе сум презел нешто. Тој пред две-три години ми се јавуваше два-три пати. Се видовме на состанок, прашуваше ‘Што правиш, како си’. Не сум слушнал дека на некого пренел информации, за тој да ми даде мене”, рече Тодоровски.

Адвокатката на оштетените, Дафинка Ивановска го праша Тодоровски дали на некој од обвинетите кои се во судница му давал тетратка или го поучувал како да се однесува пред судот, а тој негираше.

„Ние не сме имале таква дојава. Не сме знаеле. Ако имаше такво нешто, лицата ќе беа под посебни истражни мерки и ќе сме ги надгледувале”, рече Тодоровски запрашан од родителот Горан Наќевски дали се точни информациите кои ги добивал од инспекторите дека знаеле оти нешто ќе се случи, но не знаеле што.

Тодоровски негираше дека не контактирал со обвинетиот Хаки Азири, ниту пак, како што претходно тој изјавил, дека го малтретирал.

„Не сум бил тука 20 години”, рече Тодоровски откако Наќевски го запраша дали бил во судот кога Азири давал исказ пред обвинител.

Ексдиректорот на БЈБ пред судот кажа дека делото било карактеризирано како тероризам, што значи дека случајот го работела Управата за безбедност и контраразознавање со која раководеше Сашо Мијалков.

„Тоа кривично дело беше карактеризирано како тероризам, што во суштина го работеше УБК. Мислам дека тие веќе отворија нивна обработка. Нашите состаноци беа да ги вклучиме колегите од крим техника, ако има потреба специјалните единици, единицата за брзо интервенирање, кои беа на моја команда. Во случајот доказите ги собираа тие што ја водеа обработката, односно УБК”, рече Тодоровски.

Тој одговарајќи на прашање од адвокатот Рауфи, рече дека не контактирал со загрозениот сведок.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете

Катерина Ѓуровски

Исмет Гури спроведен во Кривичен, судењето за даночно затајување одложено

Врховниот суд го укина решението на Кривичен и го врати на повторно постапување предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани

Притвор за убиецот на скопјанецот кој беше застрелан кај Мавровка

Тошковски: Кривичен определил надзорот над куќниот притвор на Рамадани да го врши МВР, но не го определил начинот на извршување на надзорот