Екс претседателот на ОК на ВМРО во Центар се изјасни како виновен за нападот во општината

Од:

Екс претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Центар, Томислав Лазаров се изјасни за виновен во случајот „насилство“ и рече дека длабоко се кае за стореното дело во постапката за нарачаното насилство во општина Центар.

Поранешниот министер за транспорт и врски од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, на денешното рочиште се изјасни за невин.

-Ниту сум сторил, ниту се чувствувам виновен, рече пред судот Јанакиески.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова исто така рече дека не е виновна.

Обвинетите во случајот Јордан Ристовски, Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Даниел Трипуновски, Трајче Петковски, Милан Андоновски, Митко Пецев, Борче Богдановски и Игор Бошковски се изјаснија за невини.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче