Економско-социјалиот совет се заложи за продлабочување социјалниот дијалог

Од:

Социјалниот дијалог помеѓу сите чинители е од особено значење и во интерес на граѓаните, стопанството, економијата, заклучи на денешната седница Економско-социјалниот совет, што се одржа денеска во Министерството за труд и социјална политика.

Со седницата претседаваше новоизбраната ресорна министерка Јагода Шахпаска, а присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, како член на ЕСС и останатите членови на ЕСС односно претставници на Сојузот на синдикатите на РСМ и претставници на Организација на работодавачи на Македонија.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска посочи дека продлабочувањето на дијалогот помеѓу работодавачите, синдикатите како претставници на работниците и Владата е од особено значење, особено во насока на носење на законски решенија кои ќе бидат во интерес на сите страни и на кои ќе им претходи добра анализа и консултации од страна на сите учесници, соопшти МТСП.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, информираат од МТСП, од своја страна истакна дека средбите како денешната и впечатокот дека сите членови на ЕСС се на иста линија е од големо значење во насока дека сите чинители кои придонесуваат за развој на државата се согласни и отворени за дијалог.

Битиќи предложил вакви средби да се оддржуваат редовно, најмалку еднаш во месецот, што било поздравено од друготе членови на Економско социјалниот совет.

Денешната седница на ЕСС беше во насока на првично претставување и запознавање на членовите и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и изнесување на клучните пораки за кои се залагаат сите вклучени и важни чинители за граѓаните, стопанството, за државата, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

А1он

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор