Еколошка акција во Куманово

Од:

Волонтерите на здружението „Кумановски акцијаши“, заедно со вработените во јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, денеска го уредуваа просторот околу основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово по повод 22 април, Денот на планетата Земја и три години од постоењето на ова здружение.

– Преку социјалните мрежи со лични пораки поканив единаесет здруженија кои декларативно, за жал, велат дека се загрижени за состојбата на животната средина во Куманово, но еве веќе во континуитет од 25-ти февруари годинава постојано ги каниме на нашите акции, но ги нема, изјави Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“.

Здружението најавува уште 43 акции на различни локации во градот.

Директорот на „Чистота и Зеленило“, Сашо Петрушевски информира дека овој период се садат садници на повеќе локации во градот. Претходниот месец се насадени околу 600 нови садници. Стручните служби секојдневно прават проценки за обнова на нови засади на јавни површини или уредување на веќе постоечките.

– Насочени сме и кон косење на тревните површини опфатени во програмата и вон програма на претпријатието, изјави Петрушевски.

Наредната акција е планирано да се одржи веќе наредната сабота, на 28-ми.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе