Еколошка акција на потегот меѓу Оризари и Визбегово

Од:

Општина Шуто Оризари денеска ја реализира втората еколошка акција за чистење на отпадот на потегот меѓу Шуто Оризари и Визбегово.

Кон еколошката акција се приклучија градоначалникот на општината Курто Дудуш, претседателката на Општинскиот Совет Фатима Османовска, преставници од „Женскиот Актив“ на општината, како и многу заинтересирани граѓани од двете општини.

Како што соопштуваат од општинската прес-служба акцијата е една од превентивните мерки во борбата против загадувањето и одржувањето на здрава животна средина.

-Инаку, според најновите статистички податоци девет луѓе секој ден умираат поради загадениот воздух во земјава, а 3.200 луѓе умираат поради загадениот воздух. Впрочем, граѓаните од двете општини неколку пати реагираа дека загадувањето на воздухот е рекордно особено во доцните часови и рано наутро. Затоа, локалната самоуправа има иницирано повеќе мерки и иницијативи за обезбедување на чиста животна средина, со цел подигнување на еколошката свест и граѓанската одговорност за колективен општествен придонес преку адекватно депонирање на отпадот, наведуваат од прес-службата на Општина Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

A1on

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло