ВИДЕО: „Еко клуб“ од лани со 6,6 тони медицински отпад во „Дрисла“, ќе се преиспитуваат лиценците за транспорт

Од:

Кај компанијата „Еко клуб“, за која беше обелоденето дека несоодветно депонира медицинскиот отпад во депонијата Дрисла при редовните и вонредната контрола, не беа пронајдени нерегуларности во работењето, изјави раководителот на Инспекторатот за животна средина за скопскиот регион, Хисни Тачи, на денешниот отворен ден во депонијата Дрисла, која новинарите и невладините организации имаа можност да ја посетат.

Изјавата следува откако вчера скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави видеа и фотографии, на кои се гледа неодговорно и несовесно постапување со медицински отпад, каде што кучиња скитници јадат човечки остатоци и крв што истекува во атмосферската канализација и се влева во реката Вардар.

Битолската фирма „Еко клуб“, според градоначалникот Петре Шилегов, лани до „Дрисла“ транспортирала 4.700 килограми медицински отпад, а само во јануари, откако Градот Скопје располага со материјали за неправилности во работењето, транспортирала 1.900 килограми. Сега се чека извештајот од спроведената контрола вчера на инсталацијата во „Металски завод Тито“ за третман на медицинскиот отпад од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

„Целиот овој случај го имавме на 10 декември 2019 година, на 13 декември во изјава целиот настан е пријавен во Јавното обвинителство. Градот не чекаше воопшто, а зошто нема преземено ништо треба да се упатите кон ЈО“, изјави Шилегов.

Министерот за животна средина Насер Нуредини рече дека ќе се проверат сите лиценци на фирмите кои транспортираат медицински отпад на депонијата.

 

„Да бидам искрен со вас за ова бев информиран вчера и веднаш беше наложено да се изврши вонреден инспекциски увид. Резултатите се анализираат и во текот да денот ќе имаме информација за резултатите. Дефинитивно треба да се преземат мерки, Град Скопје веќе поднесе пријава до Обвинителство и ги охрабуваме да постапат. Ние детално ќе ги разгледаме сите извештаи кои што инспекторите ги направиле, заедно со оние на Град Скопје. Ги охрабруваме сите надлежни институции, Јавното обвинителство, Инспекцискиот совет, сите засегнати стари да соработуваат за да најдеме решенијата кои ни се потребни за животната средина и да ги постигнеме стандардите“, рече министерот за животна средина Насер Нуредини.

 

Дозволи за транспорт на медицински отпад имаат четири компании, а три се за третман на медицинскиот отпад.

Иако временските прилики не одеа во корист, сепак бројни новинарски екипи денеска во организација на Град Скопје ја посетија „Дрисла“, откако после 9 години раководењето го презеде градот.

Шилегов рече дека по негов налог се врши внатрешна ревизија, а засега наишле на чудни ситуации во работењето на компанијата.

„Наидуваме на некои чудни работи. Луѓе коишто живеат во Австралија се воделе како вработени и  им биле исплаќани плати. Работиме на тоа да ја оспособиме машинеријата, за да не изнајмуваме машини, нешто што било практика во минатото. Во соработка со новиот директор, Коста Начевски во преговори сме за набавка на нов стабилизатор, моите очекувања се дека тој би можел да биде пуштен во употреба во март годинава. Сакаме да најдеме начин и гасовите од депонијата да ги претвориме во електрична енергија. Мојата идеја е заедно со министерот, со инвестиции во овој дел и со пречистителната станица за отпадни води, ‘Дрисла’ да стане првата санитарна депонија во нашиот град“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески