Еко герила бара запознавање со програмата за спречување на загадувањето од „Југохром“

Од:

Движењето Еко герила од Тетово ја поздравува веста за евентуално поставување филтри на „Југохром“ и бара запознавање со програмата која треба да се имплементира за да се спречи натамошно загадување во Тетово и пошироко и мерење на количините на суспендираните честички ПМ 2,5.

– Имајќи предвид дека до сега „Југохром“ и Министерството за животна средина го прекршија законот поврзан за транспарентно информирање на граѓаните и нивно вклучување во процесот на донесување одлуки во врска со заштита на животната средина. Бараме, врз основа на Законот за животна средина, поточно член 51 и 52 од овој закон за информирање на граѓаните и заради јавен интерес , да се запознаеме од поблиску со програмата која треба да се имплементира за да се спречи натамошно загадување и труење на воздухот, почвата и водата во Тетово и пошироко, наведуваат во соопштението од Еко герила.

Еко герила бараат и во Тетово, како во Скопје да се мерат покрај количините на ПM10 и на ПM2,5 и посериозно ангажирање на Инспекторатот за животна средина за мерење на загадувањето и поставување на филтрите.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС