Еко-активистите по Советот за безбедност очекуваат решенија на високо ниво

Од:

Како што влеговме, така и излегуваме. Очекуваме дека ќе се донесат решенија како што беше и средбата, на највисоко државно ниво, но скептици сме дека веднаш ќе се пристапи кон решавање на проблемите, е оценката на еко-активистите по вечерашната седница на Советот за безбедност на која, една од главните точки беше аерозагадувањето.

Како што изјави Душко Груевски од коалицијата Еко фронт – Битола, од средбата може да се констатира дека нема добра комуникација меѓу секторите во оваа Влада, а така било и во претходните.

-Кога првпат ќе имате можност да седнете со целиот државен врв и нема можност да се препрати вината на некој друг што е надвор, а не е на масата, ќе видите дека координацијата меѓу министерствата не е на најдобро ниво. Тоа е една од причините зошто сме тука, каде што сме. За жал, сите институции од осамостојувањето до денес не видоа дека ова е проблем што треба да се решава децениски. Затоа е големото нетрпение кај нас и кај граѓаните на ваквите изјави, дека за прашањето треба повеќе време, изјави Груевски.

Прашан дали нешто конкретно било кажано на состанокот во однос на нивните барања, Груевски рече дека на средбата било зборувано за сите проблеми, од А-интегрирана дозвола за РЕК „Битола“, ОХИС, Шар Планина, хидроцентралите.

– Со сé што можевме да изнесеме таму, владините институции начелно се согласуваат, како и секогаш досега. И досега беше така, но само се констатира, бидејќи веројатно сме општество на констатирачи. Досега ништо не се презело. Сметаме на добрата волја на претседателот и издигање на ова прашање на национално ниво можеби ќе вроди со некаков плод бидејќи немаме друга надеж, изјави Груевски.

Би можело да ве интересира

Америка стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна

А1он

Kонститутивна седница на Советот за безбедност

А1он

Претседателката Сиљановска Давкова ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови на Советот за безбедност

Предраг Петровиќ

Безбедносната состојба во моментов не е загрозена, нема потреба да се свика Советот за безбедност, вели Тошковски

ВИДЕО: Климатски активисти ја уништија вилата на Меси вредна 10 милиони евра, јавно се пофалија со снимката

Предраг Петровиќ