Еко-активистите ѝ дозволија само на општина Гостивар да носи смет на депонијата Русино

Од:

По речиси тридневна блокада, комуналниот отпад од гостиварската општина повторно се носи на депонијата Русино. Локалната власт и граѓаните кои протестираат постигнаа привремен договор, со што се спречи наталожување на отпадот во градот и околните населби.

Од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ потврдија дека ќе ги пропуштаат само возилата на гостиварски Комуналец, додека забраната за другите комунални претпријатија ќе важи и понатаму.

До договорот дојде откако Општина Гостивар исполни едно од барањата – испрати документ со барање до Владата и Министерството за екологија за решавање на проблемот со депонијата Русино.

Прекинот на блокадата, која започна од недела напладне, синоќа околу 22 часот ја потврди и директорот на ЈП Комуналец, Исак Љазами.

Од иницијативата нагласуваат дека на блокадата ќе останат до 12 август,  до кога ќе го контролираат одлагањето на отпадот. Очекуваат да бидат исполнети сите нивни барања. Нивната крајна цел е депонијата Русино да се затвори и да изгради нова според ЕУ стандарди.

Гостиварското комуналното претпријатие се соочи со проблем, откако три дена не можеше да транспортира смет на депонијата. Ѓубрето од контејнерите го складираше во една од халите кои ги користи како магацин.

Во меѓувреме, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари обвини дека околу протестите за „Русино“ има нечесни игри во кои е вмешана политиката.

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар