Екипите на „Чистота и Зеленило“ го санираат пожарот на кумановската депонија „Краста“

Од:

Екипите на кумановското претпријатие „Чистота и Зеленило“ и денеска нанесуваат земја на депонијата „Краста“. Во санација на пожарот што беше предизвикан од силниот ветер вклучени се и приватни стопанственици кои со механизација нанесуваат земја.

Чадот од депонијата се чувствува во блиските села Пчиња и Студена Бара.

– Знаете дека сметот кој се складира на депонијата се меша со отпадот којшто се носи и со земја заради санација на самата депонија меѓутоа сепак во внатрешниот дел на депонијата има гасови коишто тлеат и поради нив доаѓа до настанување на пожар и се многу тешки за гасење, изјави директорот на ЈП, Даниел Стојчевски.

Според надлежните, најдобро решение за овој проблем и генерално решение за депонијата е преадаптација на депонијата во трансфер центар во рамки на проектот за регионална депонија за источниот и североисточниот плански регион.

Според проектот, финансиран од ЕУ „Краста“ треба да стане претоварна станица на која ќе се одлага отпадот од Куманово и блиските општини, а после ќе се трансферира до централната депонија за двата региони. Од проектот бенефит ќе имаат и жителите на двете села кои произведуваат раноградинарски и други земјоделски продукти, како и општината и генерално целиот регион.

Депонијата „Краста“ функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12, 5 хектари. Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители. Дневно на депонијата се изнесува од 100 до 120 тони смет. Според експертите претоварната станица ќе има капацитет од 10.000 тони на отпад, ќе има зони за сортирање на разни типови на отпад, рециклиран, габаритен, отпад за компостирање.

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда