„Екатимерини“: Нимиц оптимист, но пречките демнат

Од:

Грчкиот весник „Екатимерини“ објави текст со наслов „Нимиц оптимист, но пречките демнат“ во кој што пишува дека договорот за решавање на спорот за името би можел да се случи до средина на наредната година. Весникот ги посочува самитите на ЕУ во јуни и на НАТО во почетокот на јули како неформална рамка за надминување на прашањето за името.

Периодов владее оптимизам и во Грција и во Македонија во врска со решавањето на спорот за името. Нимиц е охрабрен од последните случувања и најви внимателно работење, но и оптимизам за решавање на спорот.

Тој нема да предложи конкретен предлог во оваа фаза, а кога тоа ќе го направи ќе биде сложено име со географска одредница. „Екатимерини“ пишува дека предлого „Република Северна Македонија“ е се уште на маса, а се споменуваат и „Република Горна Македонија“ и „Република Вардарска Македонија“.

Атина инсистира на име за севкупна употреба, додека македонската страна сака договореното име да се користи само во билатералните односи, што се наведува како најголем проблем. Меѓународните фактори сфаќаат дека сложеното име што треба да биде договорено ќе се користи за меѓународна употреба, се нагласува во текстот. САД и останатите клучни меѓународни фактори истакнаа дека ќе прфатат какво било име што ќе биде договорено од двете страни.

Во оваа фаза се работи на остранување на т.н. црвени лини, а симболичните гестови како преименувањето на скопскиот аеродром се очекува да придонесат за подобрување на климата во разговорите. Нимиц бил охрабрен и од реализмот и решеноста на новиот македонски премиер Зоран Заев, кој кажал дека е подготвен на храбри политички одлуки кои на земјата ќе ѝ ја отворат вратата за членство во НАТО и ЕУ, дури и ако тоа значи пораз на следните избори.

Во текстот се нагласува дека Нимиц има поддршка од САД и ЕУ и дека се очекува тој да го забрза процесот преку организирање средби на министерско, како и на премиерско ниво.

Медијаторот дава значање и на реакциите на јавноста во врска со преговорите за овој спор, бидејќи е деликатно прашање и за двете земји. Поради тоа, вниманието се насочува и кон опозициите, а Нимиц е свесен за политичката реалност во двете земји.

Во Грција постои загриженост за ставот на помалиот коалициски партнер, десничарската партија Независни Грци, како и за можната реакција на опозициската Нова демократија, кои засега јасно не кажуваат дали ќе дадат поддршка за евентуално решение.

„Екатимерини“ наведува дека во Македонија главна главоболка е опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оставката на Никола Груевски дава надеж, но сепак најмногу ќе зависи од тоа кој ќе го наследи, пишува весникот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски