ЕК: Вархеји и Силва утре патуваат за Скопје и Софија

Од:

Европската Комисија најави дека еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантош Силва, ќе отпатуваат за Скопје и Софија утре, јави дописничката на МИА од Брисел.

Премиерот Зоран Заев вчера од Брисел најави дека се подготвува ваква посета во пресрет на одлучувачкиот Совет за општи работи на ЕУ на 22 јуни кога ќе се одлучува за усвојување на преговарачката рамка и првата Меѓувладина Конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија, со што би започнале и формално преговорите за членство во ЕУ година и половина откако беа одобрени.

Утре наутро, Вархеји и Сантош ќе бидат во Софија каде што ќе се сретнат со бугарскиот претседател, Румен Радев, како и со премиерот и министерот за надворешни работи на техничката влада.

Попладнето ЕУ челниците ќе заминат за Скопје каде ќе остварат средба со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, и министерот за надворешни работи и вицепремиерот за европски прашања.

Вархеји и Сантош со себе носат предлог за деблокирање на ветото на Бугарија за Северна Македонија поради кое не може да се одобри формално одржувањето на првата Меѓувладина конференција.

Зоран Заев вчера за МИА изјави дека смета дека има доволно време да се постигне напредок на релација Скопје-Софија, но дека не сака ниту да ги зголемува очекувањата на граѓаните бидејќи Бугарија и натаму располага со право за вето во Советот на ЕУ.

Доколку земјите членки на ЕУ постигнат согласност до 22 јуни за Северна Македонија и доколку преговарачката рамка ја задоволува и македонската страна, првата Меѓувладина конференција би можела да се одржи помеѓу 22 и 30 јуни годинава.

Би можело да ве интересира

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат