ЕК: Слободата на медиумите се влошува

Од:

Слободата на медиумите во Македонија се влошува, како во земјата така и на меѓународен план.
Европската комисја во новиот извештај изразува загриженост за владините реклами кои предизвикуваат незибалансирано известување, но и им даваат предност на владините медиуми во однос на другите, а и предизвикуваат стега помеѓу новинарите и газдите.

Во извештајот е нотирано дека сериозен проблем е и неизбалансираното известување на медиумите на последните локални избори од неколку медиуми вклучувајќиго и јавниот сервис.

Како проблем е посочен и стопирањето на преговорите помеѓу здружението на новинари и Владата предизвикани од настанатите на 24 декември лани, а клучните разлики во однос на двата нови закони за медиуми останале ненадминати

Европската комисија бара квалитетно истражувачко новинарство за целокупно подобрување на медиумската сфера, но и пристап на јавноста до избалансирано известување.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски