Временската разлика од шест години од стореното кривично дело, а без правосилна пресуда во судот, го спаси од кривичен прогон поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за злоупотребите при изградбата на автопатите Штип-Миладиновци и Кичево -Охрид.
Судечкиот совет, на барање на адвокатот по службена должност, кој му беше одреден на Груевски, констатирал застареност на случајот поради истекот на шет години од стореното дело, а без правосилна пресуда.
Груевски беше обвинет за „Примање награда за противзаконито влијание“ за што е предвидена затворска казна од една до три години.
Во „Траекторија“ обвенети се и поранешните министри Миле Јанакиески и Владимир Пешевски и диекторот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, за злоупотреба на службената положба и овластување и за нив судењето продолжува.