Едно лице тешко повредено по расправија во Тетово

Од:

Триесет и петгодишен тетовец е повреден со остар предмет од две години постар сограѓанин откако претходно имале расправија на улицата „Маршал Тито“ во близина на  Градскиот пазар околу 17 часот.

Повредениот по укажаната лекарска помош во Тетовската болница, е пренесен на скопските клиники поради сериозноста на повредите.

„Во СВР Тетово во 17:20 часот пријавено е дека А.Л (35) по расправија со А.П (37) е повреден со остар предмет и добил убодна рана на левата нога. Настанот се случил пред угостителски објект во близина на Зелениот пазар во Тетово. Лицето А. П потоа побегнал. Екипа на СВР Тетово има извршено увид и започна потргата по А.П и расветлување на мотивите за расправијата и повредувањето“, информира полицијата.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски