Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Битола-Прилеп

Од:

Едно лице е потешко повредено во сообраќајка што се случила вчера напладне на патниот правец Битола – Прилеп, пред село Тополчани.

Во несреќата учествувале патничко моторно возило „Мерцедес” со ресенски регистарски ознаки, управувано од С.В.(62) од Ресен и товарно моторно возило „МАН” со струмички регистарски ознаки, управувано од В.М.(46) од Берово.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило С.В., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Битола, додека на возачот од товарното возило констатирани му се телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра