Една недела се трага по Ислам Лумани

Од:

Веќе една недела жителите од Преспанскиот регион и полицијата трагаат по 27 годишниот Ислам Лумани од селото Крани, кој исчезнал на 21 март и оттогаш нема никакви информации за него.

Покрај семејството на Лумани, апел за помош побара и градоначалникот Живко Гошаревски, кој побара секој што го видел и препознал да пријави во полиција.

– Полициските служби од полициската станица- Ресен, специјални полициски единици, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникарните, ренџерските служби и локалното население активно учествуваат во потрагата на Ислам Лумани од село Крани. Се до овој момент, нема големи индиции и докази дека лицето се наоѓа во водите на Преспанското Езеро или неговото крајбрежје. Истрагата продолжува понатаму, а секој оној што го видел или некаде го препознал Ислам Лумани, да пријави во најблиската полициска станица или на бројот 192, посочи Гошаревски

Лумани, како што соопшти семејството, домот го напуштил на 21 март во 10 часот наутро, бил обчелен во сини пантолони, црно палто и црни чевли.

Би можело да ве интересира

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, исчезнат е веќе осум дена

Четири дена нема трага од 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино

Тажен крај на петдневната потрага, 85-годишниот Томе е пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Да удриш некого, ќе добиеш поголема казна од ова, а тука син ми е убиен“: Таткото на Самоил ќе ја обжали пресудата

A1on

Пресуда на 2 април за обвинетите за грабнување: Каде е исчезнатиот Самоил Костадиновски?

МВР потврди: исчезнатиот Александар пронајден мртов, ќе се испитува како починал

Анита Петровска Рајковиќ