МВР потврди: исчезнатиот Александар пронајден мртов, ќе се испитува како починал

Од:

Александар Јошески од Прилеп по кого се трагаше неколку дена, синоќа е пронајден мртов.

Од МВР, потврдија за А1он дека неговото тело е пронајдено вчера.

„ На 22.02.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во 20.15 часот на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп,  а увид извршила екипа од ОВР Прилеп.“

Јошески исчезна на 21 февруари, а последен пат бил виден кај автомеханичар „Цуцуло“. Неговото семејство побара помош и апелот за пронаоѓање на Александар се ширеше низ социјалните мрежи.

По наредба на јавен обвинител  телото на починатиот било дадено на обдукција, по која ќе се утврди како починал 46 годишниот прилепчанец. Според информациите од членови на семејството обдукцијата е завршена и телото им е предадено.

„Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е повеќе меѓу нас“, напиша Ана Марија Јошеска.
 

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа