Една бургија поскапа од еден рудар

Од:

Од рударска плата тешко се живее. А секое влегување во рудникот е како руски рулет. Рударите од „Саса“ си ја отворија душата на Курбанот што го даваат втора година во спомен на своите загинати колеги.

„Рудникот ни најмалку не е безбеден за работа, нема услови како порано што имало“, вели Стојне Стојковски, поранешен рудар.

„Исто како да играме руски рулет во јамите, со четири-пет куршуми. Необезбедени се јамите. Русите ги интересира само производството на метал, другото не. Една бургија кошта повеќе од еден рудар“, вели Сашо Јованов, прет. на синдикат во „Саса“.

„Луѓето гинат, немаме никаква вентилација. И ти викаат ако не ти се допаѓа слободно оди си“, вели Здравко Атанасовски, рудар.

Условите во јамата се мизерни, а ризикот и притискот огромен се жалат рударите. Просечната рударска плата во „Саса“ е нешто над 23.000 денари. На толку велат рударите е проценет нашиот живот.

„Газдите само бараат поголемо производство, а платите стојат“, вели Зоран Николовски, рудар.

Незадоволни се и од државата. За нив нема посебен закон за пензионирање. Од шестте загинатите колеги четворица биле со над 40 години стаж.

„Бараме и за нас да важи истиот Закон, како што важи за полицијата и Армијата“.

„Тешки се условите за работа, кога јас ќе ги искористам моите бенефиции“, вели Борче Манасиевски, рудар.

Во рудникот „Саса“ во последните години освен шестте жртви од несреќи во јамите, уште најмалку тројца умреле како последица од професионални заболувања. Се уште се свежи сеќавањата од последниот случај, кога во бездна длабока 30 метри падна нивниот колега Боро Стаменковски. Се уште ги чекаат резултатите од обдукцијата. Ако има основ ќе се бара и кривична одговорност за случајот.

„Треба институциите да си ги преземат одговорностите, да дојдат инсепкторите, да ги видат проблемите на овие работници. Шест жртви за три години, тоа е премногу“, вели синдикалецот Јовановски.

Состојбата е уште полоша во другите рудници. Недостига инспекциски надзор и постојана контрола. Затоа рударите не веруват повеќе само во рударското „СРЕЌНО“ ако нешто не се смени се закануваат со генерален штрајк во „САСА“.

Виолета Кожинкова

Би можело да ве интересира

Продолжува уривањето на рудникот во регионот Амур, 13 рудари се заробени

(ВИДЕО) Индиските работници по повеќе од 17 дена се извлекоа од урнатиот тунел

Горан Наумовски

Пожар избувна во рудник за јаглен во Кина, најмалку 16 загинати

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Достојно признание и почит за тешката работа на рударите

Горан Наумовски

Бектеши и Ковачевски во РЕК Битола: Големото значење на рударите се покажа во текот на енергетската криза

А1он

Шахпаска: Работиме на измени во законското решение со кое рударите со вкупен стаж од 40 години ќе одат во пензија

А1он