Едмонд Адеми ја доби титулата Амбасадор на знаењето

Од:

Членот на Извршниот Одбор на СДСМ, Едмонд Адеми, во Брдо при Крањ, Република Словенија, ја доби почесната титула Амбасадор на Знаењето („Ambassador of Knowledge“) којашто ја доделува Академскиот Економскиот Конгрес во соработка со „Life Learning Academia“.

Академскиот Економскиот Конгрес е еден од водечките меѓународни настани во регионот како успешна платформа за дијалог на високо ниво помеѓу лидерите во приватниот и јавниот сектор на многу клучни прашања со кои се соочуваат Европа и светот во 21 век.

Признанието на Адеми му беше доделено од страна на Министерот во Словенечката влада, Здравко Почивалшек.

Оваа награда претставува значајно признание за јавната и политичката дејност на Адеми и несомнено е потврда за квалитетот на професионалната работа но и за стручноста на кадрите од СДСМ, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар