Единствена Македонија: Зошто Мицкоски молчи за џамијата-дивоградба во Охрид и криминалот на Ахмети и Џафери од 2,5 милиони евра

Од:

„Единствена Македонија и македонскиот народ се силно изненадени што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски секојдневно има изјави за се и сешто во државата а за минарето-дивоградба на џамијата во Охрид и криминалот со земеното мито од Али Ахмети и Муса Џафери во висина од 2,5 милиони евра, целосен молк од Мицкоски.

Зошто Мицкоски молчи за едно клучно прашање како што е минарето-дивоградба на џамијата во Охрид и не бара доследно почитување на законот и рушење на дивоградбата иако се менува физиономијата и карактерот на Охрид како 95 отсто христијански град. Зошто Мицкоски не ветува дека доколку дојде на власт ќе го урне минарето-дивоградба!?

Зошто Мицкоски молчи за криминалот со земеното мито на Али Ахмети и Муса Џафери од 2,5 милиони евра од „Маѓар телеком„ дотолку повеќе, и Апелациониот суд Скопје сега потврди дека сведокот Слободан Богоевски бил во право кога сведочел дека Ахмети и Џафери земале мито. Зошто Мицкоски не ветува дека доколку дојде на власт ќе го гони криминалот на Али Ахмети и Муса Џафери!?

Дали Мицкоски со секојдневни вообичаени изјави за се и сешто, всушност ја замајува јавноста и го свртува вниманието од клучните прашања како што прави Зоран Заев со т.н метла.

Христијан Мицкоски како лидер на парламентарната ВМРО-ДПМНЕ и должи одговор на јавноста на овие прашања“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска