Единствена Македонија: Зоран Заев како најголем измамник заслужено да ја добие наградата 1 април – Денот на лагата

Од:

„Зоран Заев без конкуренција е човекот кому треба по повод 1-ви април, Денот на лагата, да му се додели награда за кажување лаги и обидот да ги натера луѓето да веруваат во неговите измислици.

Зоран Заев успеа дури од невозможното да направи возможно претворајќи се самиот во двојна личност, односно, Заев да кажува а Зоран да демантира или Зоран да кажува а Заев да демантира.

Денешниот ден е ден на Зоран Заев и неговите лаги. Се што кажа марионетата Заев купен и контролиран од странски центар излажа.

Да се потсетиме на неговите антологиски лаги: Заев вети дека нема да го менува уставот, а го направи спротивното. Зоран излажа дека никој нема да му чепка во македонштината, а избриша се што е македонско, го избриша името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Заев лажеше и дека доаѓа едно општество за сите а општеството дојде за него и врхушката на власт, токму како премиер Заев прво што направи си зема лиценца за дрога од што ќе заработува околу 100 милиони евра годишно, неговиот заменик Кочо Анѓушев секој ден го фаќаат со тендери, бугарашот Никола Димитров си додели стипендија на ќерката од 40.000 евра во Холандија, пратеници, владини советници, градоначалници на СДСМ добивале стотици илјади евра од Фондот за инвации како во самопослуга, вработувања само за деца на функционери од СДСМ. Меѓу последните лаги на Заев е дека повеќе нема пречка за членство на Македонија во ЕУ, но, денеска токму на денот на Заев – 1 април стигна изјава од Киријакос Мицотакис кој најверојатно ќе биде новиот грчки премиер дека Грција ќе стави вето за членството на Македонија во ЕУ .

Тоа е Зоран или Заев сеедно, лага до лага, кои за негова жал повеќе не поминуваат кај македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија. Во секое зло, добро. Честит 1 – ви април Зоране Заев, најголемиот изманик во поновата македонска историја. Респект!“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Вонпарламентарни партии со неколку барања за Изборниот законик

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска