Единствена Македонија: Заканите на Спасовски за апсење на Бачев – автогол на марионетската власт

Од:

„Сноќешната телевизиска изјава на министерот Оливер Спасовски дека ќе го уапси претседателот на партијата Јанко Бачев е автогол на марионетската власт во Скопје.

Со оваа изјава Спасовски синоќа ја погреба правната држава и покажа дека не е се онака како што марионетската власт ветува и зборува.

Во досегашната пракса и работење на МВР во една демократска држава, не се случило полициски министер да ја најави сопствената акција за апсење на лидер на партија само затоа што изразува патриотска чувствителност.

Со ова се покажува на дело дека власта не почитува устав и закони и ја враќа државата во 1948-та кога полицијата кажува кој ќе биде апсен и суден.

За Единствена Македонија и македонскиот народ е јасна крајната цел и во стилот на Спасовски да се дојде до главната поента во целата монтирана приказна за некакво руско влијание во процесите во државата.

Не е првпат да се прави конструкција поврзана со Бачев и тие во периодот што следи само ќе се засилуваат, бидејќи се свесни дека доаѓа новата легална власт на Единствена Македонија.

Му порачуваме на Спасовски дека ништо не не плаши, нашата партија денеска е Македонија, за неа ако треба и ќе погинеме, нема повеќе отстапки пред ниту една сила, единствени заедно“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска