Единствена Македонија: Заев, замини си и ти по оставката на Груевски

Од:

„Никола Груевски си заминува со оставката од пратеничката функција. На потег сега е Зоран Заев, кој треба во пакет да си замине со Груевски од политичката сцена.

Владеењето на Груевски и Заев ќе биде запаметено по безаконие, криминал и корупција. Земјата ја тресеа скандали со масовни вработувања на членови на семејствата и блиски роднини на владини функционери, кражба на народни пари од министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели, тендери од позиција на власт во милиони евра.

Секако, најстрашно е распродажбата и тргувањето на Груевски и Заев со националните и државните интереси, прво, преку антимакедонските отстапки на албанските партии и второ, преку верно и слепо слушање на своите странски газди во геноцидниот проект за уништување на Македонија и Македонците.

За волја на вистината, уништувањето на Македонија Груевски го правеше подмукло и прикриено со глумење лажен патриотизам додека Заев и не се крие и отворено ги врши предавствата спрема македонскиот народ.

Исто така, на народот му продаваат романтичарски приказни дека за време на Груевски се крадело ама и се градело додека за времето на Заев само се крадело. Вистината е дека за време на криминалната приватизација власта на СДСМ украде околу 5 милијарди тогашни германски марки додека во постприватизацискиот период власта на ВМРО-ДПМНЕ украде околу 5 милијарди евра. Значи, разликата е само што едните краделе во марки другите во евра, а Груевки и Заев продолжија со грабежот на народниот имот и богатење врз грбот на народот.

Зоран Заев и Никола Груевски се дел од темното минато. Новата народна власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека сето ова ќе биде расчистено, одговорност мора да има“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска