„Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, вчера, на свечената церемонија во Министерството за одбрана изјавија дека новопримените 125 војници се привлиегирани и горди бидејќи својата кариера ќе ја развивале во рамките на НАТО.
За жал, Заев и Шеќеринска без никакви емоции всушност ги најавија првите 125 жртви во војната со Русија.
Војниците во Армијата на Република Македонија да бидат спокојни. Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ја споречи оваа налудничава идеја на марионетската власт во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели и да војуваат против братскиот народ на Русија.
Единствена Македонија ќе го оствари историскиот стратешки сојуз со Русија, со што, за навек се обезбедува опстанокот и просперитетот на македонскиот народ и македонската држава“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.