Единствена Македонија: Заев се фали дека ќе победел на наредните избори, ајде да се соочиме со народот

Од:

Од партијата Единствена Македонија го повикаа премиерот Зоран Заев на предвремени парламентарни избори. Тие го нападнаа Заев дека брише се што е македонско и ја фрла на колена Македонија и покрај народната волја изразена преку бојкотот на референдумот.

Според нив, Заев сака влез во НАТО поради заштита на украденото од позиција на власт.

„Цел свет знае дека марионетската власт на Заев е инсталирана од странски центар и не ја отсликува волјата на бирачите и затоа единствено решение се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори.

Единствена Македонија подржува нови парламентарни избори без оглед на последните дискриминаторски измени на Изборниот законик, со кои, за време на избори партиите во медиумите добиваат девет минути кампања на секој час емитувана програма финансирана од буџетот од кои четири минути за власта СДСМ, четири минути за опозицијата во парламентот ВМРО-ДПМНЕ и само една минута за сите останати партии.

Странскиот измеќар Заев се фали во јавноста дека ќе победел на наредните избори, па, ајде да се соочиме со народот на избори за историската иднина на Република Македонија“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска