Единствена Македонија: Заев премиерот молчеше, дали Зоран министерот ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт

Од:

Марионетската власт на Зоран Заев заглавена во безаконие, корупција и криминал во изминатите две години ја замајува јавноста со палијативни решенија и обвиненија за набавка на мерцедес во кој сега без проблем се вози и Заев, за шамари во општина Центар, за изборни измами, прислушкување, поништување изборен материјал, укинување на пратеничката плата и одземање на мандатот на Груевски, за поврат на смешни износи од ДДВ, за поставување на бројчаник кој остана гол украс, за некаква метла на функционери а излезе обично метличе кое остави се под тепих меѓутоа, сето ова нема допирни точки со одземањето на украдените 5 милијарди евра, вели Единствена Македонија преку соопштение.

„Зоран Заев како опозиционер ветуваше дека претходната власт на Груевски украла 5 милијарди евра и сликовито велеш: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра„ и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар.

Народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор а украдените 5 милијарди останат нечепнати.

Заев како премиер молчи и трупаше големо богатство од позиција на власт за себе и фамилијата. Дали Зоран министерот за финансии ќе го реализира ветеното дека власта на СДСМ ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт во изминатите 30 години ќе биде конфискувано. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска