Единствена Македонија: Заев отиде предалеку во очајничкиот обид да сруши се што е македонско

Од:

„Единствена Македонија и македонскиот народ се силно вознемирени и шокирани од вчерашната изјава на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој, по средбата во Солун со градночалникот Јанис Бутарис рече дека Македонците имаат словенски и албански корени и дека ние тоа го признаваме.

Земајќи предвид дека Ципрас се среќава на неколку пати со Заев, јасно е дека тоа признавање дека Македонците имаат наводни корени и од Гегите (Арнаутите) т.н. Албанци е направено од страна на Заев.
Дотолку повеќе, од страна на Заев нема никаква реакција на јасната изјава на Ципрас дека има признание дека Македонците имаат корени и од Албанците.

Ова е невиден скандал. Марионетата Заев купен и контролиран од странски центар, отиде предалеку во очајничкиот обид да сруши се што е македонско. За ова национално злосторство и голем срам за Македонците мора да има одговорност.

Новата легална власт на Единствена Македонија ќе ги расчисти целосно националните предавства, согласно законите што ќе произлеат од новиот македонски Устав“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска