„Марионетскиот премиер Зоран Заев секојдневно ја бомбардира јавноста дека Македонија отвора светла страница и економски напредок, се доближува до НАТО и ЕУ од каде ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели.
Веќе стана практика марионетата Зоран Заев, а отвори уста да излаже. Наместо подобар живот, Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи, како, хомосексуализам, дрога, проституција, секојдневни убиства, грабеж на народни пари, безаконие, криминал и корупција…“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.
„Марионетата Заев од вчера тргна да ги руши и македонските традиционални и семејни вредности со финансиската и морална подршка од власта на т.н. парада на гордоста на луѓето со поинаква природна ориентација.
За Единствена Македонија нема дилема. Заедно со македонскиот народ и државјаните на Република Македонија остануваме на првата линија во поткрепа на традицијата, бракот и семејството. Како одговорна партија, новата легална власт на Единствена Македонија ќе овозможи соодветен инстиуционален третман на луѓето со поинаква природна ориентација во обидот за нивно враќање во нормалното и прифатливото“, соопштуваат од Единствена Македонија.