„Зоран Заев продолжува да влегува од лага во лага и да лаже на очиглед на целокупната македонска јавност. Заев вчера беше жив фатен во нова лага која само потврдува дека пучистичката власт постојано се обидува да ја замајува јавноста откако стана јасно дека Македонците во земјата и во светот се определија за неизлегување и бојкот на референдумот на 30 септември.
Вчера владата информираше за наводна средба на Заев со наводни македонски организации од Швајцарија, Луксембург, Германија, Италија, Словенија, Хрватска, САД, и нивна наводна подршка за референдумот.
Во интерес на вистината, го повикуваме Заев да ги каже со точен назив, кој македонски организации биле кај него на средба во владата за наводна подршка на референдумот!?
Одговорот на евтината лага на Заев е однапред познат. Немаше ниту една македонска организација на средба кај него, бидејќи организациите на Македонците во странство на 5 август заедно со 28 организации го потпишаа Меморандумот за стратешка соработка со што Македонците во земјата и светот, единствени и сплотени, јасно ја изразија својата намера за неизлегување и бојкот на референдумот на 30 септември како единствен можен начин да се спречи обидот на пучистиката власт во Скопје и нивните странски ментори да ги избришат Македонците од светската мапа на нации со промена на името и идентитетот на македонскиот народ“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.