Единствена Македонија: Заев ја потценува жртвата на бранителите во Арачиново

Од:

Зоран Заев денеска не беше во Арачиново да одаде почит на загинатите македонски бранители кои загинаа во Татковинската војна на денешен ден пред 18 години во битката за Арачиново, вели Единствена Македонија преку соопштение.

Зоран Заев постојано се фали со едно општество за сите, но, во замисленото општество на Заев има место само за Албанците а не и за Македонците. Нашите херои од Татковинската војна за Заев не заслужуваат внимание. Заев гази по достоинството на бранителите и нивните семејства и ја потценува жртвата што ја дадоа македонските херои во Татковинската војна.

Марионетата Заев го интересираат само прашања поврзани со албанското малцинство а негира се што е поврзано со Македонците. Во изминатите две години Заев неколку пати го посетуваше Арачиново и таму не можеше да ги наброи проектите за Албанците финансирани од буџетот, како на пример, изградбата на општинска зграда, училиште, градинка, локални патишта, канализација и други објекти во Арачиново.

Меѓутоа, Заев одбива поставување спомен – обележје на: Никола Пехчевски, Атанас Јанев Александар Стојчев и Оливер Китановски, бранители кои загинаа во Арачиново во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија.

Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа е оддавање достојна почит на бранителите – херои и решавање на проблемите на преживеаните бранители и семејствата на загинатите бранители. Луѓето кои го дадоа својот живот за татковината, ја заслужуваат нашата почит, а не да се гази врз нивната жртва, дадена за нашата држава.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Вонпарламентарни партии со неколку барања за Изборниот законик

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска