Единствена Македонија: Заев и Мицкоски глумат средби, а украдените 5,5 милијарди евра останаа нечепнати

„Единствена Македонија со осуда за лидерската средба на Христијан Мицкоски и Зоран Заев и со прашање каде се украдените милијарди.

Лагите на странските марионети Заев и Мицкоски повеќе не поминуваат оти Заев како опозиционер се силеше дека ако стане премиер ќе расчисти со грабежот од 5,5, милијарди евра на власта на ВМРО-ДПМНЕ или како што велеше Заев сликовито: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5,5, милијарди евра“.

Наместо враќање на украденото, марионетата Заев тргна по стапките на претходната власт на ДПМНЕ и прво што направи си зема лиценца за производсттво на дрога, бизнис вреден околу 100 милионин евра.

Јавноста се изнагледа обвиненија за уривањето на Космос, набавка на мерцедес, изборни измами и нерегуларности, незаконско следење на комуникаици и уништување на опрема во УБК, бесправно градење, уништување на изборен материјал, мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување…, меѓутоа, овие обвиненија немаат допирни точки со одземањето на украдените 5,5, милијарди евра.

Народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор, а притоа украдените 5,5, милијарди останат нечепнати а марионетите Заев и Мицкоски ќе глумат лидерски средби кои биле во корист на граѓаните.

За волја на вистината, во случајот на една обвинета новинарка која се товари за даночно затајување сепак ќе дојде до одземање на нелегално стекнатото бидејќи, ќе мора да го врати затаениот данок при купувањето на нејзините гаќи.

И толку од украдените 5,5, милијарди евра, пишува во соопштението од Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев премиерот молчеше, дали Зоран министерот ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт