Единствена Македонија: Заев и Ахмети подготвуваат фалсификување на пописот

Од:

„Ја информираме јавноста дека Зоран Заев и Али Ахмети спремаат фалсификување на пописот во 2020 година, како и пописот во 2002 со кој Албанците беа лажно прикажани дека се 25 отсто, со цел, да се задоволи потребата на рамковниот договор, кој предвидува македонските Албанци да ги добијат правата само ако учествуваат со над 20 отсто од населението.

Се очекува пописниот фалсификат да се изведе на начин што ќе се попишуваат како жители и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија само врз основа на изјава на некој член од семејството иако стандарден европски модел е да се регистрираат сите кои барем во последните 12 месеци влегле во Македонија.

И во услови на целосна концентрација на моќта кај Заев, ги повикуваме пратениците од владеачкото мнозинство да покажат одговорност со тоа што, ќе му го одземат правото на Заев да прифати фалсификување на пописот во 2020 година и во собраниската расправа ќе ги избришат законските одредби со кои се овозможува фалсификување на пописот.
Заев, ве предупредуваме дека немате мандат од македонскиот народ да договарате со ДУИ уште еден фалисификуван попис.

Заев, запознаени сте со кривичната пријава на Единствена Македонија од 24.09 2009, поднесена до Државното обвинителство за фалсификување на пописот во 2002. Од приложените факти и докази кон кривичната пријава јасно се гледа дека албанското малцинство е околу 17 отсто од населението.

Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис во 2020, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Единствена Македонија, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалисификување на пописот ќе го смета за велепредавство спрема Републиката“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска