„Зоран Заев како предводник на марионетската власт во Скопје дефинитивно го интересираат само прашања поврзани со албанското малцинство во земјата, а притоа негира се живо што е поврзано со Македонците.
Зоран Заев пред десетина дена во Арачиново не можеше да ги наброи проектите за Албанците во Арачиново финансирани од македонскиот буџет, како на пример, изградбата на општинска зграда, училиште, градинка, локални патишта, канализација и други објекти во Арачиново.
Меѓутоа, Зоран Заев денеска не беше во Арачиново да одаде почит на тројцата припадници на МВР кои загинаа на денешен ден во Татковинската војна во 2001 во Арачиново.
Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија ќе биде целосно расветлување на вистината за загинатите бранители кои беа праќани во заседа и мораа да загинат и достојно решавање на проблемите на преживеаните бранители и семејствата на загинатите бранители“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.