Единствена Македонија: Заев ги кажа фирмите за одгледување на дрога, сега да каже и од каде им се 40-те милиони евра инвестиција

Од:

„Зоран Заев вчера објави листата на 15 компании за одгледување на дрога, инвестиција според Заев вредна над 40 милиони евра. Заев сега да каже и како овие компании заработиле 40 милиони евра кои ги вложуваат во производство на дрога или попознато како обелоденување на потеклото на капиталот, вклучително и фирмите на Заев.

Дотолку повеќе, во списокот за бизнис со дрога има и фирми на Заев. Во последната телевизиска дебата меѓу Заев и Мицкоски, Заев рече дека неговите фирми плаќаат годишно по десет милиони евра данок што значи дека според даночните стапки ако Заев плаќа толку данок прави чист профит од 100 милиони евра и оттука Заев треба транспаретно да каже како заработува 100 милиони евра годишно.

Вистината е дека во Македонија владее безаконие, корупција и криминал. Македонија станува мафијашка држава на дилери со дрога што ќе им носи над 100 милиони евра дополнителен профит покрај другите бизниси.

А народот, народот останува со прст во уста со романтичарските изјави на Заев дека Македонија отвори светла страница и економски напредок, се доближува до НАТО и ЕУ од каде ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели и слични романтичарски изјави на Заев оти на народот му треба и малку романтика.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме криминалците и да направиме ревизија и одземање на стекнатото во криминалниот приватизациски и постприватизациски период во изминатите 30 години. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против криминалците!“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска