Единствена Македонија: Заев да се вразуми и да престане со сите активности за обезличување на Македонците

Од:

„Единствена Македонија и македонскиот народ се силно вознемирени од вчерашната реакција на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, со која по телефон го искарал Метју Нимиц и притоа јасно побарал преговорите за името да продолжат според она што било договорено во Давос.

Земајќи предвид дека во Давос се сретнаа Заев и Ципрас и дека по оваа средба токму Коѕијас на грчката државна телевизија изјави дека решение во спорот за името ќе има со договорени седум точки кои опфаќаат промена на името, идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците, промена на уставот, пасошите и личните карти…, произлегува дека Заев и Ципрас во Давос договориле целосно обезличување на Македонија и Македонците.

Затоа, Единствена Македонија во име на македонскиот народ бара од Заев да се вразуми и веднаш да престане со сите активности за обезличување на Македонците кои претставуваат опасна авантура со немерливи последици за македонскиот народ и држава“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска