Единствена Македонија: Заев да каже по кој член од Уставот и законите ќе потроши преку 10 милиони евра за владина кампања за референдумот

Од:

„Марионетската влада во Скопје ги задолжи сите министерства и другите органи на државната управа да одвојат средства за кампања за референдумот кои ќе достигнат преку десет милиони евра имајќи предвид дека само од едно министерство Шеќеринска веќе одвои 1 милион евра народни пари за кампања за референдумот за промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Ги предупредуваме сите министерства и другите државни органи дека одвојувањето пари само за владината кампања за референдумот нема уставна и законска основа, бидејќи е потребно или и владата и противниците да се финансираат од буџетот, или и на двете страни да не им се дозволат буџетски средства за кампањата за референдумот.

Го повикуваме Заев да ја каже уставната и законската основа со цитирање на конкретни членови од Уставот и законите кои му даваат право да потроши преку 10 милиони евра во кампања за референдумот.

Крајот на марионетската власт во Скопје се ближи и сите кои ќе направат кривично дело со неуставното и незаконското трошење на буџетски пари само за еднострана владина кампања за референдумот, ќе одговоараат“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска