Единствена Македонија: За кое владеење на правото зборува францускиот амбасадор Кристијан Тимоние

Од:

„Француската амбасада во Скопје ја објави стратегијата на Франција за иднината на Западен Балкан и притоа во денешното интервју за МИА францускиот амбасадор во земјата Кристијан Тимоние рече дека стратегијата се заснова на владеење на правото како основа за отпочнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Со стратегијата на Франција излезе на виделина уште еднаш дволичниот однос на Европската унија оти формулацијата „владеење на правото„ е само добра измислица за манипулирање за божемно членство во ЕУ оти истата е толку воопштена што не постои експерт кој може да ја дефинира нејзината прецизна содржина.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не се ни малку потресени од ваквиот однос на Франција и ЕУ оти на ланскиот референдум од 30 септември јасно ја изразија својата намера дека не сакаат во НАТО и ЕУ. Македонскиот народ сега многу повеќе го боли тоа што излезе страшното предавство на марионетската власт во Скопје со кое избриша се што е македонско во замена за некакво обично ветување за преговори за членство во ЕУ кое не може со сигурност да се тврди дека и ќе се реализира во наредните дваесетина години а прашање е дали до тогаш ќе опстане Европската унија.

Единствена Македонија го прашува амбасадорот Тимоние за кое владеење на правото зборува кога токму Европската Унија преку Грција како нејзина земја-членка не го почитува ова. Како е можно Грција која е 38 години членка на ЕУ, прво, да не ги признава Македонците во Грција и нивните основни човекови права гарантирани со меѓународното право, да ги присилува да користат грчки имиња и да не им ја признава сопственоста врз имотите во Беломорска Македонија, второ, како е можно македонскиот народ да биде уценет од ЕУ со фашистичко барање за промена на името и идентитетот за членство во Унијата а која за себе вели дека е демократска институција, и трето, како е можно земји-членки на ЕУ да учествуваат во рушењето и бомбардирањето на суверени држави.

За Единствена Македонија нема дилема. Овие прашања заслужуваат одговор. Затоа, амбасадорот Тимоние му должи објаснување на македонскиот народ“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев премиерот молчеше, дали Зоран министерот ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт