Единствена Македонија до ВМРО-ДПМНЕ: Се делиме на избори, ајде да се обединиме за бојкот на референдумот

Од:

Единствена Македонија ја повикува ВМРО-ДПМНЕ да донесе одлука за бојкот на референдумот кој денеска ќе го распише Собранието за 30 септември годинава.

„Во овие тешки моменти за Татковината кога пучистичката власт е во очајнички обид да сруши се што е македонско, го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да биде на страната на патриотските политички сили во Македонија, македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во странство, кои нема да излезат на претстојниот референдум оти не сакаат промена на вековното македонско име.

Единствена Македонија верува дека и ВМРО-ДПМНЕ ја дели нашата спремност да останеме свои на своето, да се оди до крај во одбрана на Македонија и Македонците од јасно изразената намера на пучистичката власт во Скопје да го промени името.

Во овој момент мора да се тргнат настрана тесно-партиските интереси и сите национални и патриотски сили правилно да ги распоредат интересите што подразбира, на прво место националниот и државниот интерес, на второ место партискиот интерес, а дури некаде на трето место личниот интерес.

Ова зло што му се случува на Република Македонија е познато. Се вика пучистичка власт во Скопје која сака да сруши се што е македонско. Националните и патриотските сили имаат обврска тоа да не му го дозволат Да се обединиме против референдумот, а после на избори секој нека оди со своите определби оти простата вистина вели дека доколку се сруши државата сите ќе не затрупа во неа!“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност