„Единствена Македонија“: Владеачката партија „Погреб за Македонија„ со копретседателите Заев, Мицкоски и Ахмети го охрабруваат албанскиот сепаратизам

Од:

Единствена Македонија, денес, четврток, 8 март 2018 одржа прес-конференција за како што велат „скандалозното стопирање на изградбата на Првата Руска Црква во Скопје“. На прес конференцијата, заменик претседателот на „Единствена Македонија“, Стефан Влахов Мицов рече:

„Владејачката партија „Погреб за Македонија„ составена од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжува со скандалозните и опасни активности со кои се загрозуваат највисоките национални и државни интереси на македонската држава и македонскиот народ.

Веднаш да кажам, пред два дена партијата „Погреб за Македонија„ донесе одлука да се стопира изградбата на руската црква во Скопје. Иако и досега во континуитет од 4 години правеше проблеми за нејзината изградба.

Внимавајте добро, ова се случува веднаш по заминувањето на Александар Дугин и Леонид Савин од Македонија, кои беа во тридневна посета на покана на нашата партија Единствена Македонија.

За Единствена Македонија нема дилема.

Ваквиот чекор на партијата „Погреб за Македонија„ претставува опасна провокација која силно го вознемирува македонскиот народ, бидејки власта удри врз првата Руска црква во Република Македонија.

На тој начин, владејачката партија „Погреб за Македонија„ започнува со гибелни провокации спрема Русија и на црковен план, откако видовме наменски провокации кон Русија од домашните јаничари по налог на нивните ментори од НАТО и Еу, поточно, од Радмила Шекеринска, која, да потсетам, за британската агенција „Блумберг„ лажеше дека Русија се меша во македонските внатрешни работи и само членството во НАТО ке ја заштити Македонија од руско мешање, како и лагите во соопштението од средбата на Заев со амбасадорот Олег Шчербак и слични провокации на антируска основа.

Од друга страна, ке потсетам дека поминаа 10 дена од нашата прес конференција на која споделивме со јавноста правосилно решение и заклучок на надлежниот инспекторат за рушење на најголемата и најскапата џамија-дивоградба во Скопје изградена со пари од една радикална исламска држава.

Мегутоа, за ова, од партијата „Погреб за Македонија„ целосен молк.

Во овој контекст, треба да се спомне и за џамијата-дивоградба која се гради на Попова Шапка, во самиот почеток на овој скијачки центар.

Треба ли да потсетиме и за споменикот-орел на УЧК во Чаир кој исто така е дивоградба, а градоначалникот Шилегов вулгарно изјави дека баш затоа дека е дивоградба не можел да го сруши.

Или пак за новоизградените во цела Македонија повеке од 350 џамии, голем дел од нив исто дивоградби.

Значи во Скопје и во цела Македонија може да се градат џамии и споменици дивоградби на албанското малцинство, но не може изградба на легални цркви и крстови, како овој во Бутел, со сета потребна документација.

КРАТКО КАЖАНО, ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА „ПОГРЕБ ЗА МАКЕДОНИЈА„ ВО СИТЕ СВОИ ДЕЈСТВИЈА ГО ПОСТАВУВА АЛБАНСКОТО МАЛЦИНСТВО НАДВОР ОД МАКЕДОНСКИТЕ ЗАКОНИ, ГО ОХРАБРУВА НЕГОВИОТ СЕПАРАТИЗАМ И ДОЗВОЛУВА СОЗДАВАЊЕ НА ПОСЕБНА АЛБАНСКА „ДРЖАВА„ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Затоа, новата легитимна власт ке побара одговорност за сите случаи во изминатите 27 години за своеволното и незаконско поставуванје на обекти поврзани со албанското малцинство.

Оваа катастрофа што ја предизвика партијата „Погреб за Македонија„ во изминатите 27 години, а ја продолжуваат нејзините сегашни копретседатели Зоран Заев, Христијан Мицковски и Али Ахмети, законите да важат за сите, но не и за албанците, мора да престане.

СО ДОАГАЊЕТО НА НОВАТА ЛЕГАЛНА ВЛАСТ КЕ БИДАТ ПОНИШТЕНИ СИТЕ АНТИМАКЕДОНСКИ И АНТИДРЖАВНИ АКТИ НА ПАРТИЈАТА „ПОГРЕБ ЗА МАКЕДОНИЈА„ СО КОИ СЕ РУШАТ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска