„Зоран Заев очајнички ширеше лаги за руски пари во Македонија надевајќи се дека лажната пропаганда ќе му помогне на референдумот. Лагите на Заев не поминаа. Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните масовно го бојкотираа референдумот на 30 септември.
Вистината е како шило. Врти, врти, па ќе излезе на виделина. Вистината е навистина како шило и излезе на виделина. Се виде дека во Македонија немало руски пари, туку имало грчки пари. Им благодариме на грчките министри Панос Каменос и Никос Коѕијас кои на седница на грчката влада обелоденија дека во грчкото министерство за надворешни работи имало таен фонд од 50 милиони евра за купување политичари, новинари и медиуми во Македонија за промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.
И по пет дена од оваа скандалозна информација, целосен молк од власта. Го повикуваме Зоран Заев да каже како и меѓу кого се поделени овие 50 милиони евра во Македонија. Одговорност за грчки пари за купување на политичари, медиуми и новинари во Македонија, мора да има“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.