Единствена Македонија: Веќе имаме поднесено закон за амнестија на учесниците од 27 април, ВМРО-ДПМНЕ да го процесуира

Од:

Единствена Македонија ја поздравува синоќешната изјава на Христијан Мицковски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе изготви закон за амнестија за лицата учесници во настаните од 27 април, кој ќе биде доставен во Собранието, соопштија од партијата.

„Го потсетуваме Мицковски дека во Собранието веќе има готов текст на закон за амнестија поднесен од Единствена Македонија кој стои закочен во фиоките на Талат Џафери и не се доставува до пратениците.

ВМРО-ДПМНЕ нема потреба од изготвување на закон за амнестија, бидејќи, согласни сме пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како овластени предлагачи на закон согласно Уставот и Деловникот на Собранието, да го процесуираат предлог-законот за амнестија поднесен од Единствена Македонија.

Во понеделник, 9 јули 2018, Единствена Македонија ќе го достави и до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието целосниот законски текст за амнестија насловен како „Предлог-закон за амнестија на граѓани учесници во настаните од 27 април 2017 во Собранието на Република Македонија“, со цел, започнување на процедурата за негово разгледување.

Повторуваме дека амнестијата на лицата од 27 април е најдоборото решение за смирување на тензичната состојба која може да доведе до немерливи последици, дотолку повеќе, граѓаните во Собранието влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат конкретни лица, и било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Вонпарламентарни партии со неколку барања за Изборниот законик

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска