Единствена Македонија: Уплашениот Заев го спречи говорот на Бачев на денешната конференција

Од:

„Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев требаше да зборува на денешната конференција „Македонски перспективи – Како до Европа“, меѓутоа, непосредно пред настапот говорот на Бачев насловен како „Понуда до Заев за јавна опклада на симболични 1 денар дека Македонија ниту ќе стане членка на НАТО и ЕУ ниту ќе го промени името, не беше дозволен, соопштуваат од партијата.

Потенцираме дека Единствена Македонија ја прифати поканата на „Цивил„ и благовремено пред два дена го потврди учеството на претседателот Бачев, но, лицата од кабинетот на Заев во последен момент на лице место издејствуваа Бачев да биде тргнат од листата на говорници.

Спречувањето на Бачев да зборува на конференцијата е одлична вест за македонскиот народ, бидејќи се гледа дека Заев е веќе уплашен и по секоја цена ги спречува активностите кои се на линијата на заштита на највисоките национални и државни интереси.

На конференцијата говорници беа Зоран Заев, амбасадорите на Германија, Хрватска, Словенија, Унгарија и Бугарија, претседатели на владините наменски невладини организации и партиите од марионетската власта во Скопје, СДСМ, НСДП, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, а единствено не беше дозволен говорот на претседателот Бачев.

Единствена Македонија го започна процесот за остварување на јасно изразената намера за сојуз со Русија и членство во ЕЕУ, храбро, решително и во интерес на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните и тој процес повеќе никој не може да го спречи“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска