Единствена Македонија: Учеството на војници од Албанија на воена вежба во Македонија за војување со Србија е тешка провокација

Од:

„Марионетската влада на Зоран Заев на вчерашната владина седница донела одлука во рамките на воената вежба „Одлучен удар„ на Криволак, меѓуостанатите војници на НАТО да има и војници од Република Албанија.

Во заднина, оваа воена вежба на македонската армија со учество на војници и од Албанија, всушност има за цел обука и припрема за војување за интересите на Косово при евентуален судир меѓу Србија и Косово.

За жал, Заев и министерката за одбарана Шеќеринска без никакви емоции всушност ги најавија првите жртви во војната со Русија оти на сите им е јасно дека при евенуалниот косовско-српски судир ќе следи замешување на Русија и НАТО.

Војниците во Армијата на Република Македонија да бидат спокојни. Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ја споречи оваа налудничава идеја на марионетската власт во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели и да војуваат за албанските интереси против Србија и Русија.

Единствена Македонија ќе го оствари историскиот стратешки сојуз со Русија, со што, за навек се обезбедува опстанокот и просперитетот на македонскиот народ и македонската држава“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев премиерот молчеше, дали Зоран министерот ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт