Единствена Македонија: Ти благодариме Џес Бејли за вистината дека судството и марионетската власт биле твои подрачни единици

Од:

„Единствена Македонија му благодари на Џес Бејли што на крајот на неговата кариера во Македонија со писмо до судството всушност подсвесно призна дека во Македонија делувал како локален гувернер и дека македонските судови и македонската влада биле подрачни единици на американската амбасада во Скопје.

Џес Бејли се мешаше во внатрешните работи во Македонија и во заднина носеше одлуки во судството, политиката, за време на изборите и најново кога заклучувал пратеници во Собранието за да обезбеди двотретинско мнозинство за уставните промени.

Џес Бејли фрли многу пари на Сорос за уништување на македонскиот народ преку марионетската влада во Скопје иако македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Зоран Заев е во силен поход да избрише се што е македонско, а не може да разбере дека се ближи времето кога неговите странски газди од типот на Џес Бејли ќе го фрлат на буништето на историјата како што претходно правеа со Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Никола Груевски… бидејќи употребната вредност на Заев е веќе потрошена, а штом е така неговите странски газди ќе се ослободат од него.

Новата легална власт на Единствена Македонија која ќе работи во интерес на Македонците а не во интерес на странците, доаѓа, и прва задача ќе биде расчистување со националните предавста и конфискација на украденото во бесмилосниот грабеж на народниот имот“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кекеновски: Мицкоски е столбот на досегашното и идно опстојување на Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: Да си ја вратиме државата назад и да ја направиме Македонија убаво место за живеење

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Онака како што избега, така ќе го вратиме бегалецот од Будимпешта

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се исти во предавството, во истите канцеларии во Брисел кај што оди Заев , по него оди Мицкоски

Габриела Димковиќ-Мишевска

ВИДЕО: Програмата на „Единствена Македонија“ претставена во Кавадарци

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Единствена Македонија: На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Ана Ололовска