Единствена Македонија: Столтенберг и Заев да дојдат на пречекот на ракометарите на Вардар од Македонија

Од:

„Единствена Македонија го охрабрува генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да ја продолжи својата посета на марионетската власт во Скопје за неколку часови и да не си заминува во 17 часот.

Јенс Столтенберг и неговата марионета Зоран Заев добиваат неповторлива можност на лице место да го слушнат одговорот на македонскиот народ за наводното немање алтернатива за НАТО од страна на Македонија и за нивниот геноциден проект со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Заев и Столтенберг денеска романтичарски го замајуваа народот дека се отвора светла иднина на Македонија со НАТО и дека веќе се чуствуваат бенефитите од НАТО и дека се реализира стремежот на сите политичари и на сите граѓани, па, еве им одлична можност и на двајцата на лице место да се уверат во нивните приказни оти се очекува река од народ на плоштадот „Македонија“ на пречекот на ракометарите на Вардар од Македонија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Единствена Македонија: На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Ана Ололовска

Кекеновски: Ќе го укинеме Изборниот законик и новиот Закон за Јавно обвинителство

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Укинување на имунитетот на носителите на јавни функции

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: Ќе спречиме федерализација

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: Повикувам на масовна излезност на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: Народот е свесен дека нема повеќе право на грешка, на земјава и треба патриотска партија

Ана Ололовска