(ВИДЕО) Единствена Македонија: Собранието да распише референдум за членство во НАТО

Од:

Од Единствена Македонија го повикаа Собранието да распише референдум за членство во НАТО, во спротивно според нив се крши Уставот, а донесените акти за ратификација се противуставни.

„Според член 120 од Уставот актите за членството на Република Македонија во НАТО Сојузот се сметаат за усвоени ако на референдум за нив гласале мнозинството од вкупниот број избирачи. Внимавајте добро, според Уставот сега е потребно да се распише референдум за усвојување или неусвојување на актите за прием на државата во НАТО Сојузот. Според Уставот последниот збор за членството во НАТО треба да го кажат македонскиот народ и државјаните на Република Македонија. Очекуваме пратениците да ја започнат законодавната постапка за распишување референдум и затоа денеска испративме писмо – предупредување со кое ги потсетуваме да го почитуват Уставот. Во спротивно, за кршење на Уставот како највисок правен акт, одговорност мора да има“, изјави Синиша Николовски од Единствена Македонија на прес конференција пред Собранието.

Би можело да ве интересира

Вонпарламентарни партии со неколку барања за Изборниот законик

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска