Единствена Македонија: Со Договорот од Преспа, Димитров и неговиот татко не се исти Македонци

Од:

„Во општата еуфорија и веселба на марионетската власт во Скопје по повод грчката ратфикација на Договорот за промена на името предначи потписникот на договорот Никола Димитров, кој, договорот го нарече дури визионерски патриотизам и дека е горд тоа што го направил иако со договорот се брише светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Договорот за промена на името со кој се брише се што е македонско е голема трагедија не само за македонскиот народ и македонската држава, туку преставува голема лична трагедија и за самиот Никола Димитров.

Според Договорот за промена на името (член 7), Македонците од Егејска Македонија и Македонците од Република Макеоднија се различни етноси со свои посебни одлики. Министерот Никола Димитров е роден во Република Македонија а татко му Димитар Димитров е роден во Егејска Македонија, и сега според договорот тие – татко и син не се исти Македонци. Значи, со договорот одат дури против природата и природните законитости.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе го поништи договорот за промена на името со што ќе му помогне и на Никола Димитров да биде свој на своето со татко му Димитар без оглед што Никола Димитров нанесе големо зло на Македонија и Македонците со поптишувањето на капитулантскиот Договор од Преспа“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска