Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Од:

„Единствена Македонија изразува шокираност од непознавањето на законските прописи на големиот број советници на Зоран Заев во Владата на Република Македонија.

Скандалозен е податокот дека според Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (член 44) функцијата премиер и функцијата министер се неспојливи, а советниците на Заев во владата тоа не го знаеле.

Заев се избламира на отворена сцена со незаконското себеназначување за премиер и министер за финансии. Но, случајот е и голем меѓународен срам за државата оти на Заев во владата му делат памет правно неписмени советници кои не ги познаваат законите во државата, што само по себе е штетно и за националните и државните интереси.

Заев има 39 надворешни соработници со плата од 1.200 до 1.500 евра и заедно со посебните советници во неговиот кабинет чинат вкупно 63 советници и за кои годишно за плати се трошат 1,5 милион евра народни пари од буџетот.

За време на власта на Зоран Заев во земјата владее безаконие, корупција и бесмилосен грабеж на народни пари од позиција на власт, фамилијарност, непотизам, партизираност при ангажирање на кадри во државните институции. Наивно сме верувале дека Заев ги бира советниците во владата врз основа на знаење, способност и достигнување – па, кој, ќе го пљачка тогаш македонскиот народ и државјаните на Република Македонија!“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бачев: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се исти во предавството, во истите канцеларии во Брисел кај што оди Заев , по него оди Мицкоски

Габриела Димковиќ-Мишевска

ВИДЕО: Програмата на „Единствена Македонија“ претставена во Кавадарци

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Единствена Македонија: На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Ана Ололовска

Кекеновски: Ќе го укинеме Изборниот законик и новиот Закон за Јавно обвинителство

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Укинување на имунитетот на носителите на јавни функции

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: Ќе спречиме федерализација

Ана Ололовска