Единствена Македонија: Штом Шеќеринска ни забрани дебата во Домот на АРМ, готови се и тие тоа го знаат

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска ја забрани стручната дебата во организација на Единствена Македонија на начин што не дозволи користење на сала во Домот на АРМ иако претходно уредно беше доставено соодветно барање, вели Единствена Македонија преку соопштение.

„Шеќеринска ја ставила забраната откако и било предочено дека универзитетски професори, дипломати, историчари и новинари ќе дебатираат за излезните решенија за Македонија по националното предавство на марионетската власт во Скопје со бришење на се што е македонско.

Шеќеринска изврши тешка злоупотреба на својата положба оти Домот на АРМ не е нејзина приватна своина туку објект во државна сопственост во кој согласно законот се издаваат простории за најразлични настани со плаќање на соодветна закупнина. Дотолку повеќе, Единствена Македонија во изминатите десетина години има организирано повеќе дебати и трибини во Домот на АРМ со уредно плаќање на закупот на просториите.

Забраната на Шеќеринска на демократска дебата е веќе знак на една уплашена власт за која цел свет знае дека е инсталиран од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите. Готови се и тие тоа го знаат.“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Вонпарламентарни партии со неколку барања за Изборниот законик

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска